Ракометарите на Пелистер и Еурофарм Работник синоќа го одиграа својот прв натпревар во подготвителниот период за вториот дел од сезоната на ракометната Суперлига на Македонија.


 

Во салата „Младост“ поуспешен беше „помладиот“ битолски тим, кој со 25-21 (10-11) славеше над некогашниот шампион. Стартот на мечот им припадна на момците на Стевче Алушовски, но кој средината на вториот дел „фармацевтите“ заиграа поангажирано во одбрана и го натераа противникот почесто да греши што резултираше со минимална победа од четири гола разлика. 
Двајцата стратези им дадоа шанса на сите расположени ракометари, а во двата табора дебитираа новите засилувања, Костадин Петров (Пелистер) и Михајло Петровски (Еурофарм Работник), кои имаа забележителни настапи. 

Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here