Имавме една приказна за маката на едно младо дете од село Црнобуки – битолско.

За Влатко Чагорски, еден млад дечко од ова битолско село, кој веќе долги години скоро секоја темна ноќ (лето и зима) од животот ја поминува на ритчето викано Свети Атанас во атарот на Село Црнобуки – наместо дома во својот топол кревет или по кафулињата на Широк Сокак со другарите.

Ова не го прави по своја волја, туку по наредба на виша сила која секоја ноќ го буди и по темнини го носи на ова свето место.

Наредбата која Влатко ја добива секојдневно од оваа над човечка сила е преголема за едно младо дете.

Него му е дадена задача да изгради куќа, засолниште за светецот кој му се јавува како Свети Спас.

По повеќе години мака и мачение на која беше изложен, Влатко не можеше повеќе да издржи па ја кажа маката на соселаните во Црнобуки.
Тој кажа дека мора да изгради манастир за Свети Спас затоа што веќе не можи да ги издржи притисоците од светецот.
Така и започна изградбата. Со премалку финансиски средства, но започна со пот и труд на соселаните кои се решени на Влатко да му помогнат.
Целта на оваа добротворна организација е и ние, како Македонци, христијани и патриоти на нашата вера, со нашите донации да помогнеме светецот да си ја добие својата куќа, своето засолниште кое веќе подолго време го бара.

Неговата изградба ние ја поддржуваме и ја следиме. Денес ќе Ви преставиме до каде е неговата изградба. Со помошта на Големиот Господ Бог. Амин.

Ве молиме за вашата скромна донација на следниот линк

https://www.gofundme.com/monastery-sveti-spas-crnobuki