Во мај 1844 година, Морз ја отворил првата комерцијална телеграфска линија во светот со пораката: „Што направи Бога“ (“What hath God wrought,”), испратена од Вашингтон до Балтимор. За една деценија, повеќе од 30.000 км телеграфски кабел ја преминал земјината топка.

1898 Широк Сокак

По крако време, телеграфијата пристигнала и во Битола. Така градот, уште во средината на 19 век, 1850/60, бил поврзан со светот преку телеграфската мрежа која минувала тука.


1908 Широк Сокак за време на Младотурската револуција

На сите стари фотографии, како и на овие неколку, видливи се телеграфските бандери и линии.


1916 Широк Сокак

Низ Битола поминувале три линии. Низ едната линија комункацијата била исклучиво на турски јазик. Неа ја користеле отоманските власти за пренос на информации од цивилната и воената управа. Битола имала директна врска до Солун, Белград и Елбасан. Врката со Цариград се остварувала преку Солун. Оваа линија била строго контролирана и ја надгледувале еден телеграфски мудир и двајца службеници.


1916 Широк Сокак – Поглед од Камен Мост кон шеталиштето

Низ втората линија комуникацијата се одвивала на европските јазици, француски, англиски, италијански и германски, а пораките се запишувале со латинично писмо на оригиналниот јазик. Оваа линија ја користел конзулскиот кор за комуникации со матичните држави.


1917 Погребна поворка на Широк Сокак

Третата линија била дел од дел од магистралната линија Англија-Индија. Била во сопственост на Англија и ја користеле само англичаните. Двете европски линии биле надгледувани од “chef de station” и неколку службеници, сите странци.

Валентина Цветановска