Студот во Битола уште руши рекорди

од January 28, 2017 0 коментари

Утрово најстудено беше во Битола со -18 степени ! Во текот на изминатата ноќ како и утринава насекаде во земјава преовладуваше ведро и многу студено време, особено во источните делови и по котлините. Во Битола е многу студено со магла и ниска облачност, а во останатите котлини има слаба магла. Дува слаб ветер претежно од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места и планините. 

Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Претпладне со појава на магла во котлините. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од -2 до 6 степени. Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.Попладне ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во понеделник претпладнето. Ова зголемување на облачноста ќе услови покачување на утринските температури, а и дневните ќе имаат тенденција на благ пораст.

Извор Тера МК

Фото непознат извор

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *