Стрелачкиот Клуб Пелистер од Битола денес после 30 години ја продолжи традицијата и на локација Стрелана во некогашната битолска касарна се одржа градско првенство во стрелање со воздушна пушка. На првенството учествуваа околу 60-тина ученици од основните училишта од Битола во машка и женска конкуренција.
Првенството го отвори претседателот на стрелачкиот клуб Пелистер, Сашо Стојановски: Со поддршка на Стрелачката Федерација на Македонија, Сојуз на спортови Битола, Сојуз на школски спортови Битола денес после 30 години ја обновивме некогашната традиција и одржавме првенство во стрелање со воздушна пушка. Во наредниот период планираме истото да стане секоја годишна традиција, на овие датуми пред денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември. Изразувам голема благодарност до помагачите, учесниците и натпреварувачите кои дадоја несебичен придонес за реализација на ова првенство, ни пренесе Сашо.