На улицата на конзулатите Кирил и Методиј во Битола се наоѓа стариот Српски Конзулат. Во 1887 година била потпишана конзуларна конвенција помеѓу Србија и Отоманската држава, според која Србија добила право да отвори свои конзулати во Солун, Скопје и Битола. Првиот српски конзуларен претставник во Битола бил Димитрија Боди кој на должност стапил 1888. Прва задача на српската пропаганда била да се формираат општини и српски училишта, бидејќи Србија прилично заостанувала од Грција и Бугарија по тоа прашање. Поради стремежот за освојување на терен и сфери на влијание, меѓу конзулите од соседните балкански земји се водела беспоштедна борба, но често имало и џентлменски спогодби. Така на пример карактеристичен е договорот помеѓу грчкиот конзул А. Пезас и српскиот М. Ристиќ, според кој грчкото влијание да не продира северно од Прилеп и Крушево, а српската пропаганда, јужно од Битола. Бугарската страна била прогласена за заеднички непријател. Во 1895 со српскиот конзулат раководел Милојко М. Веселиновиќ, а во наредната 1896, М. М. Василевиќ. Во годините пред Илинденското востание Михајло Г. Ристиќ со своите извештаи до своите претпоставени во Белград давал исцрпни податоци за Илинденското востание од повеќе реони во Битолскиот револуционерен округ. По заминувањето на Ристиќ од декември 1903, за нов конзул во Битола бил назначен Светозар Станоевиќ кој на таа должност останал до крајот на 1906 год. По отповикот на Станоевиќ од 1907 год. до 1908 год., српските интереси ги застапувал вице-конзулот Сава Томиќ, а од Февруари 1908 должноста му ја предал на конзулот Љубомир Михајловиќ. До 1912 се вршат тајни спогодби помеѓу Бугарија, Грција и Србија за војна против Турција и во тоа меѓусебно договарање значајно место имал и српскиот конзул во Битола…

Н.Миновски Конзулска Битола

12193771_1481126595530081_7317784236099310269_n

11221583_1481126618863412_3795981365084737592_n12227788_1481126638863410_4563541154273775017_n