По повод 81 година од депортацијата на битолските Евреи Јоав Арази, еден од синовите на Нисим Теста, битолчанецот кој беше член на британските специјални сили учесници во Втората светска војна, за првпат ја посети во Битола. Неговиот татко го промени презимето од Теста во Арази кога во 30-тите од минатиот век пристигна во Израел. Додека живееше во Битола тој беше главен на Еврејското здрушение „Млад Стражар“ и имаше служено војска во Југословенската армија, услов кој мораше да го исполни секој кој сакаше да замини во странство. Битолчанецот Нисим моментално во Израел има голема фамилија бидејќи неговите сега возрасни четири деца имаат исто по четири деца кои денес имаат и уште повеќе внуци. Нисим направи Алија и замина во светата земја во 30-тите од минатиот век каде за време на Втората светска војна беше еден од неколкумината падобранци, членови на британските специјални сили кои делуваа инкогнито како поддршка на партизаните на територијата на тогашна Југославија.
Јоав е роден каде живееше и е погребан Нисим, во кибуцот Шар Хамеким. Сега живее во кибуцот Шар Хаголан. Во Битола заедно со неговиот син и ќерка, додека другите две ќерки ќе дојдат најверојатно следната година.
Веќе ја има 60-ката на негов грб и денес е многу возбуден бидејќи го посети местото и куќата каде што потекнува, на некогашна улица Феризовачка во едно од неколкуте еврејски маала Кортижо во Битола.
Многу сум изненаден, секогаш кога помислував на куќите на мојот татко мислев дека беа обични куќи од дрво и кал, но гледајќи ги денес за првпат забележувам дека животот тука и не му бил толку лош бидејќи градбите се големи и велелепни и сѐ уште го красат овај дел на некогашен Монастир, сега Битола. Мојата ќерка која овај пат е со мене ме запраша како ми е тука, дали ги чуствувам битолските корени. Јас и реков дека многу ми е убаво, многу сум среќен што сум помеѓу народ кој гласен по говор, весел и распеан во кафеаните кои ги посетивме до сега. Во голем дел ги препознавам некои од зборовите кои ги зборувате бидејќи мојата фамилија зборуваше исто како вас и тоа прави да се чувстувам како да сум во мојот поранешен дом… со насмевка на лицето ни пренесе Јоав.
Голем дел од еврејското население во Битола заедно со многу битолчани го жртвуваа нивниот живот за да уживаме ние помладите генерации во слободата која ја извојуваа со многу жртва, многу од нив дури и со нивните 20 години. Еден дел од нив беа учесници и кај наши сојузници заради што нас ни останува барем колку толку да ги споменеме и да не ги оставиме во незаборав. Се додека не дојдат генерации како нив некогаш…
Зоран Ѓоргиев