На 12 мај (недела) со почеток во 12.00 часот ќе се одржат промоции на нови прозни и поетски дела од современи македонски писатели и поети. Имено, се работи за романот „Пагански времиња“ од Драги Михајловски, поетската збирка „Хипербог“ од Стефан Марковски, избор поезија „Набилдана месечина“ од Јовица Ивановски и збирката раскази „Да не бидам покусо“ од Ѕвездан Георгиевски.

Делата интегрираат различни поетики и стилови, како што и самите автори познати на македонската книжевност, припаѓаат на различни генерации, и токму ваквиот мултигенерациски пристап е развиен со цел доближување на македонските автори до различни типови и сензибилитети на читатели.

Промотори на делата ќе бидат: Ѕвездан Георгиевски, Бобан Богатиновски, Јовица Ивановски и Елизабета Баковска.

Книгите ќе бидат достапни по саемски цени – од 200 до 320 денари.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here