РК Еурофарм Работник денес официјално ги започна подготовките за новата сезоната 2018/19. Под водство на новиот тренер Ѓорѓе Чирковиќ денес беше одржан првиот работен состанок и тренинг во спортската сала „Младост“.
Тој со неговите помошници го дефинираа планот за подготовки во првите три недели. Екипата ќе работи во Битола во првите 6-7 дена, па ќе се пресели на базични припреми во Маврово. Првиот појасен показател за новата екипа ќе биде струшкиот турнир, на кој Еурофарм Работник ќе учествува по втор пат во својата историја.
Битолскиот суперлигаш се засили со Милан Ѓукиќ од Железничар Ниш, Благојче Трајкоски од Охрид, Никола Маркоски од Орошази и Никола Ивановиќ од Црвена Звезда.
Извор РК Еурофарм Работник