РК Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките за сезоната 2023/24. Првиот тренинг го одработи новиот тренер Михаил Петровски, кој ја наследи екипата од Александар Зарков. Петровски претходно работеше со пионерската екипа и промовиран е за првпат да работи со сениорска екипа. Младиот суперлигап три години по ред има во плеј-офот и со таа цел ја започнува и оваа сезона. Ростерот останува македонски, со неколку талентирани ракометари од регионот.

На прозивката не присуствуваа младинските репрезентативци на Македонија, Самоил Ристевски и Ненад Белистојановски.

ИГРАЧКИ КАДАР:
Василије Печурица
Стефан Ковачевски
Иван Младенов
Атанасиј Трсунов
Иван Димитровски
Марко Димовски
Богдан Мијушковиќ
Христијан Митревски
Томче Пецаковски
Стефан Талевски (капитен)
Мартин Ивановски
Јован Марковски
Стефан Ѓорѓиевски
Архангел Трсунов
Симон Мирчевски
Стефан Трпчевски
Самоил Ристевски
Христијан Ристевски
Петар Маркоски
Дејан Југовски
Ненад Белистојановски
Никола Блажевски

СТРУЧЕН ШТАБ:
Тренер: Михаил Петровски
Асистент: Васко Димитровски
Тренер на голмани: Зоран Атанасовски
Физиотерапевт: Иван Тодоровски

Екипата ќе се подготвува во Битола, ќе одигра контролни натпревари против Еурофарм Пелистер, Прилеп, Динамо Врање, а ќе учествува и на Меморијалниот турнир „Миле Нешковски“ во Прилеп. Еурофарм Пелистер 2 дел од групата 2 со Кокс од Финска, Пролет и Мулти Есенс.

Михаил Петровски: Имам голема одговорност затоа што наследувам одлична екипа. За мене ова ќе биде сатисфакција и шанса за докажување. Можеби ќе ја предводам најмладата екипа во шампионатот, која има просек 19 години.

Сакам да напоменам дека од 23 ракометари кои што се во ростерот, дури 16 се битолчани. Наидов на млада екипа која што сака да се докажува, која што сака да тренира, да работа и е желна за победи. Целите се исти и оваа сезона – тоа е пласман вo плеј-офот.