Фамилијата Кривашија низ годините биле и Стефановски, Стефанов и Стефановиќ, онака како што налагале времињата, но и
приликите, така и се менувало презимето. Но, тоа се само траги од она што го знаат и за кое слушале денешните потомци. Од една едноставна тие се веќе трета, четврта генерација на семејството
Кривашија. И да, некои ја знаат приказната што им ја раскажале
нивните татковци, дедовци за еден прадедо Јонче којшто по еден незгоден пад си го искривил вратот и така си го добил прекарот Крива
шија.

Јонче починал, но прекарот останал. Неговиот син Лазар (1893
1978) познат угостител со меана каде се служеле надалеку прочуените специјалитети, шкембе чорба и останати мезелуци, со извонредно чувство за она што денес би го нарекле бизнис, сметал дека е сосема природно меаната да ја нарече „Кај Кривашија“.

За фамилијата Кривашија и за многу други кои живееле на Широк сокак прочитајте повеќе во нашата книга „Приказните од Широк сокак ”.