РАКОМЕТАРИТЕ СПРЕМНИ И МОТИВИРАНИ БАРААТ ПОДРШКА ОД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА
ПЕТОК, ФЕВРУАРИ 09, 2018 г.
РК Еурофарм Работник со прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Челинџ Купот против Филинген Берген од Норвешка. На средбата со новинарите разговараа неколку ракометари и тренерот Илија Темелковски.
Михајло Петровски:
Берген е екипа која претставува типично скандинавска школа. Нивна најсилна страна се средниот и левиот бек. Верувам дека можеме да им се спротиставиме и да ги елиминираме. Со поддршка од трибините верувам дека оваа европска приказна да продолжи и понатаму.
Игор Трајковски:
Ја анализиравме играта на противникот и подготвени сме за првиот натпревар во Битола. Како капитен верувам во екипата и се надевам дека публиката ќе ни даде поддршка да оствариме предност воочи реваншот.
Еурофарм Работник – Филинген Берген
Сабота 10.02.2018 – 19.00 часот – спортска сала „Младост“ Битола
Судии: Марко ди Доменико и Лоренцо Форнасие од Италија.
Делегат: Кеан Сиврикаја од Турција.