​Семејството Пешка беше жртва на повоената национализација.Тие го имаа објектот на Широк Сокак каде што сега е старата стоковна куќа, а во пред рушењето го издаваа на прочуената “Бата”.

Овој имот според катастарската евиденција од 1932 година КП бр.4880, има вкупна  површина од 459 м2, од кои под  објект биле 246 м2 и дворно место со 213 м2, Имотот е одземен со генерално решение во 1948 година, без врачено решение и Право на жалба и без било какви правни елементи. Ова генерално решение од 1948 година со живи актери од двете страни, тие што одземаа и на тие што им се одземаше, за Битола и Македонија е флагрантен пример дека тогаш владееше законот на силата, наместо силата на законот, зашто правната национализаторска позиција не регулираше, ниту каде, ниту како, ниту зошто, ниту што се одзема, со тешки правни последици денеска за докажување. Ваквиот имот, иако одземен, дури до 1968 година се води на името Пешка, впрочем како и во другите случаи од генералното решение. 

 Вториот одземен имот се трите дуќани од почетокот на Широк Сокак, близу ул. “Столарска” со 72 м2 корисна поврина. За овој имот беше дадена минимален надоместок колку да се задоволи формалната процедура. Меѓутоа, на Петар Пешка му беше одземено се дури и чејзот на сопругата Хрисула. Него најмногу го болеше што му беа одземени две огромни и раритетни колекции со голема филателиска и нумизматичка вредност. Дури ќе доживее тешки репресии кога се спротиставил на одземањето на две кинески вазни кои свое место најдоа во “македонската соба“ на Бриони. Во една прилика тој ќе рече: ” Се ми зедоа, името не ми го зедоа.”

 Впрочем името Пешка опстојува од 1900 година и го има во сите семејни документи, како и надгробни споменици. Наследниците Алеко Пешка и неговиот братучед Кочо кој е единствениот жив слаткар во семејството, очекуваат нов закон за денационализација зашто според претходниот од 1998 г. е оспорен пред Уставниот Суд во неговите рестриктивни решенија побарувањата се тешко остварливи. Тие семејните права по разграбениот имот ќе си ги бараат но според Алеко вистинските сопственици Михајло и Петар кои се починати, никогаш не ќе можат да ја добијат вистинската сатисфакција за она што им се случи. Тие не беа најбогати во Битола, беа меѓу побогатите занаетчии, но беа најбогати со донесените манири и етикети на европската традиција. кои што едно ново поствоено време од “децата на комунизмот” така сурово ги уништи…(крај)

Извод Пеце Стефановски “Битолски весник”
Фото и голема благодарност до Мери Пешка

Pawn family was a victim of post-war nacionalizacija.Tie had building on Main Street where now the old department store and the demolition before it issued the famous “Bata”.

This property according to cadastral records from 1932 CL br.4880 has a total area of ​​459 m2, of which 246 were under object m2 and yard 213 m2, property is seized with general decision in 1948 without a decision handed and Right appeal without any legal elements. This solved in 1948 with live actors on both sides, those confiscated and those who were taken away in Bitola, Macedonia is a flagrant example of that then ruled by the law of force rather than the force of law, because legal nacionalizatorska position is not regulated, or where, or how, or why, or what is subtracted, with heavy legal consequences today to prove. This property, although deducted up to 1968 run on behalf Pawn, just as in other cases of a general solution. 

The second property seized three stores since the beginning of Main Street, near St. “Carpenter” with 72 m2 useful povrina. For this property was given as minimum compensation to meet the formal procedure. However, Peter Pawn been stripped even his wife Hrisula. It most hurt that were seized two huge and rare collections with great filatestic and numismatic value. You will even experience severe repression when opposed the seizure of two Chinese vases that found its place in the “Macedonian room” of Brijuni. On one occasion he said: “I took my name I took.”
After the name Pawn existing since 1900 and has in all family documents and gravestones. Heirs Aleko Pawn Koco and his cousin who is the only living family confectioner expect a new law on restitution for under the earlier 1998 challenged at the Constitutional Court in its decisions restrictive requirements are difficult to access. These family rights in stolen property will require them but according Aleko rightful owners Mihailo and Peter who died, will never be able to get real satisfaction for what happened. They were the richest in Bitola, were among the wealthier craftsmen but were the richest in the adopted manners and etiquettes of the European tradition. that a new postwar period of “children of communism” so cruelly destroy …

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here