Гимназијата „Јосип Броз-Тито” во Битола е една од најстарите образовни институции на просторите на Република Македонија, со големо реноме и почит. Таа е првата гимназија во ослободена Македонија во која на 6 февруари 1945 година почнува да се изведува настава на македонски јазик.
Зградата во која денес работи ова средно училиште е изградена во 1882 и била приватна куќа на Сали-паша, богат земјопоседник. Тој во 1892 за 600 златни турски лири ја продал куќата на општината, а таа ја претворила во гимназија, во која наставата се изведувала на турски јазик. Во неа учеле исклучиво машки деца, и тоа од побогатите турски семејства во градот. За потребите на гимназијата биле носени професори од Солун.Претходното име на гимназијата било „Гоце Делчев” кое во 1952 година со одлука на Наставничкиот совет името е променето во „Јосип Броз Тито”, а тоа име го носи денес.

Денес наша желба е да Ви ги вратиме спомените каде вие сигурно имате поминато еден убав дел од вашиот живот или доколку ја немате посетено барем на кратко истата да ја запознаете, славната битолска Горна гимназија…

 

Голема благодарност до Наставниот и раководен кадар на училиштето за остварувањето на нашата желба и ваше презентирање.