По повеќе од една година спортски натпревари во Македонија ќе се играат пред публика. Според Комисијата за заразни болести и Владата дозволено е спортските натпревари да се играат пред ограничен број гледачи, односно 30% исполнетост од капацитетот на објектот.
Натпреварите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во плеј-офот ќе се играат пред ограничен број на гледачи во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола и со спроведување на протоколите на Комисијата за заразни болести.
Детали околу продажбата на билети РК Еурофарм Пелистер ќе сподели во следните неколку дена.