Дека Бог знае да стави рака за да се направи негов дом и засолниште ни кажува приказната на Зоран Филкоски од с. Бистрица која реши сам да ни ја раскажи.

Зоран Филкоски-Мечо

Низ годините наназад познати ни се многу случки каде виша сила ни помага и охрабрува за да направиме добро дело, како што е и во овај случај кој ни го опишува самиот Зоран:

Звучи неверојатно, но мое е на сите да Ви раскажам. Сѐ започна во 2016 година кога најпрво Господ Бог започна да ми излегува на сон. Истата 2016 година ми излезе и на јаве синот Божји Исус Христос кој ми заповеда да направам црква која ќе се вика ХРАМ ВОСКРЕСЕНИЕ ИСУС ХРИСТОС и ми објасна како да изгледа црквата.

Еден параклис бил започнат порано да го прави, но синот Божји му заповедал да се стрпи и ќе му кажи кога треба да започни да го гради. Сѐ во свое време.

И така го почнав параклисот да го правам оваа 2021 година во месец февруари и веќе до месец март тој беше готов. Жената што ја резбаше иконата му се грешеше резбата и никако не му идеше сликата како што треба. По моја сугестија ѝ реков да ја донеси и да ја поставиме во параклисот таква каква што е, па да видиме што ќе биди бидејќи имаше се уште време до Велигден. Жената се согласи и ја донесе иконата завиткана во платно. Откако ја пушти внатре иконата си ја доби нејзината форма и лик како што е сега.

Како што посочува Зоран црквата треба да биде со големина 12х8 метри. Во нејзината близина има два големи камења кои си имат свое значење и не смеат да се гибаат. Откако ќе се изгради храмот ќе излези и света вода.

Во близина на св. Ѓорги

Иконата во внатрешноста на Параклисот

Параклисот се наоѓа во с. Бистрица веднаш пред и под црквата св.Ѓоргија во правец на стрелката на која е означен правецот за света вода.