БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Поранешен фудбалер на Пелистер е во бордот на директори кои сакаат да го купат ФК Пелистер?

Три директори од Шпанија, еден од Уругвај заедно со нашиот битолчанец Бруно Пресилски, поранешен фудбалер на ФК Пелистер, според suite.endole.co.uk се бордот на британската компанија Maximo Desarolo Limited со седиште во Лондон.

Бруно е роден на 25 декември 1972 г. и има настапувано за повеќе фудбалски клубови меѓу кои е и нашиот битолски Пелистер во 1989-91 и 2006-09 г.

Од страна на Maximo Desarolo Limited со седиште во Лондон била испратена понуда за откуп на 75% од акциите на битолскиот клуб ФК Пелистер.

Бруно Пресилски, извор YouTube

Извадок од некогашен натпревар каде играше Бруно за Пелистер

Имено во аналите на македонскиот фудбал Бруно Пресилски на 23-ти август 1992 г. во петтата минута го доведе Пелистер во водство во мечот со Рудар (5-0), со што стана првиот стрелец на гол во историјата на ПМФЛ.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here