Познатата песна на Кичо Слабинац “Летај ми, летај, гулабе” е компонирана од битолскиот композитор Калица

од November 13, 2020 0 коментари

Во 1989 година битолчанецот Петар Георгиев Калица, овогодинешниот добитник на наградата 4ти Ноември за животно дело, постигна голем успех на најпознатиот македонски поп-фестивал МакФест каде учествуваше како композитор и текстописец на македонскиот хит „Летај ми, летај, гулабе“ во изведба на познатиот хрватски пејач Крунослав Кичо Слабинац.

Оваа песна го освои второто место, заостанувајќи зад првопласираната само еден глас на публиката.

Сепак, тој ја освои наградата за најдобар текст за песна. Иако оваа песна не победи, истата сè уште е популарна на Балканот.

https://youtu.be/d3ZmAjYS-E8

Денес по подолго боледување на 77 години во загребската болница почина познатиот пејач. Летај ни летај Кичо, високо меѓу звездите…

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *