На 15.10. 2023 год. Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА настапи со 20 натпреварувачи во 26 категории и се закити со : 4 сребрени медали и 13 бронзени медали . На овај натпревар учествуваа околу 500 натпреварувачи . За Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА ова е голем успех бидеќи на овај турнир настапи дел од подмладокот на клубот –такмичари кои прв пат настапуваат Од овај турнир со сребрен медал се закитија: Николај Петковски ката 2016 год. Бојана Бошкова 2015 ката , Тони Кулевски кумите кадети + 70кг. Николај Петковски, Магдалена Божиновска и Јована Јовановиќ ката тим женски 2016 год. Александра Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски ката тим машки кадети-јуниори. Со бронзен медал се закитија:,Николај Петковски, Михаил Јовановиќ и Бојана Бошкова во ката тим машки 2015/2014 , Каја Темелковска, Николај Петковски и Виктор Ристевски ката тим машки 2013/2012, Николај Петковски во ката 2016 , Јовановиќ Јована ката 2016 , Наталија Попчевска ката 2016, Магдалена Попчевска ката 2016 год,, Јана Цветковска ката 2016, Виктор Швигир 2016 год. Николај Петковски ката 2015год. Виктор Ристевски ката 2012 год, Александар Божиновски ката кадети, Ана Костојчиновска ката јуниори.

Ова е прв натпревар од оваа сезона,следен настап ќе имаме на 21.10. 2023 год.на Тетово Опен и на 04.11. 2023 год. Државно првенство кадети, јуниори и У21. Ова беше едно искуство плус и можност да видиме екипата колку е спремна после летото. Задоволна сум од такмичарите и очекувам уште поголеми успеси на натпреварарите кои следат

Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА