Нинџуцу клуб Битола на државно првенство е прво пласирана екипа и се враќа со 20 медали од Скопје

од April 14, 2019 0 коментари

“Прво пласирана екипа на државното првенство за Џиуџицу во Скопје 2019 е Нинџуцу клуб Битола и Поунд фор Поунд тим Македонија.
Одлично спортско дружење, супер организација која е за пофалба и секако одлични борби и техники демонстрирани од нашите шампиони.
20 медали е вкупниот скор за нашите шампиони кои ја претставуваа нашата школа и нашиот тим и уживаа во своите борби. Одлични контролни борби пред меѓународниот турнир во Софија кој не очекува во месец Мај и за кој турнир сме веќе во силни подготовки.
Продолжуваме уште појако напред , тимски , сложно како никогаш досега.
Честитки до сите кои се бореа храбро, со срце и допринесоја за овај наш успех.”

Нинџуцу клуб Битола

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *