Во последниот ден од серијалот на интервјуа по повод денот на жената 8ми Март „Не само рамноправни туку секогаш во првите борбени редови“ објавуваме интервјуа со жени кои секојдневно прават чекор напред кон успехот во различните дејности во кои тие делуваат. Жени што се справуваат со различни предизвици стоејќи и се стремат да ја постигнат целта која си ја поставиле на професионален план. Овој пат Ви го пренесуваме разговорот со дел од менаџерскиот тим на BV Bussines Group.

Денешниот серијал го започнуваме со Марија Милинг Стојановска по професија е дипломиран по меѓународни односи и дипломатија во моментот е раководител на сектор припрема во Конкрит компани Доо и менаџер на Мегагруп Компани Дооел, Смарт бит Доо и Са-ни ко 21 Доо.

Вашата професионална патека во BV Bussines Group, како се справувате со предизвиците во своите улоги, како жена на менаџерски позиции?

Професионален ангажман во BV Bussines Group започна пред полни 7години. На почетокот ја имав раководната функција на помали компании кои во текот на работењето пораснаа и денес сме она што се нарекува групација од која сме сите горди.

Кои беа најголемите предизвици што сте ги искусиле како жена на менаџерска позиција?

Секој предизвик како на личен така и професионален план се совладува само со желба за успех и постојана работа. Најголем предизвик за мене лично беше преминот од сектор угостителство во сектор градежништво каде структурата на вработени како и обемот на работа е сосема поразлична од оние со кои работев претходно а со тоа нормално треба да се промени и начинот на кој се менаџира . Но со постојано учење и надоградување секоја зададена цел е остварлива.

Како ги балансирате професионалните и личните ангажмани како жена во раководни позиции?

Она што ме прави посебно горда е тоа што со добра организација на времето успевам да направам баланс помеѓу работните обврски, обврските околу домот и семејството и на крајот нормално да најдам време за себе и моите пријатели.

Кои се вашите совети за други жени кои се стремат кон менаџерски позиции ?

Менаџерската функција во сектори во кои доминира посилниот пол и не е така лесна и едноставна, но со свесно и насочено управување на знаењето и со постојана соработка помеѓу секторите, успехот е загарантиран.

Моника Велјановска, Управител во Гео АД Инженеринг Дооел Битола

Вашата професионална патека во BV Bussines Group, како се справувате со предизвиците во своите улоги, како жена на менаџерски позиции?

Во БВ Бизнис Груп сум повеќе од 7 години, од кои 2 години во БВ Инженеринг, на позиција дипломиран геодетски инженер, а 5 години во Гео АД Инженеринг како Управител на фирмата.
Секоја одговорна работа носи свои предизвици, незавино од секторот. За да се биде успешен во професијата, воопшто, не само како менаџер, неопходна е одговорност кон задачите и обврските кои се поставени пред нас. За да се напредува во професијата треба постојано да се работи на надградување на своите знаења, да се има интуитивност, поставување на се повисоки цели, размислување за нови можности и идеи.

Кои беа најголемите предизвици што сте ги искусиле како жена на менаџерска позиција?

Секој проект кој го изведува нашата фирма за мене претставува посебен предизвик кон кој пристапувам со подеднаква доза на сериозност и професионалност.

Како ги балансирате професионалните и личните ангажмани како жена во раководни позиции?

Ако се има љубов кон сопствената професија, нема потреба од големи балансирања. На работно место, професионалниот ангажман, одговорноста и искуството ме водат и тука нема простор за маневрирање. Додека сум со семејството нормално емоциите се тие што преовладуваат и го прават секој момент бесценет и вреден за целосно посветување, без резерва.

Кои се вашите совети за други жени кои се стремат кон менаџерски позиции ?

Ако сте подготвени да си поставите повисоки цели, да ги поместувате границите и да излезете од стандардните работни обврски, бидете сигурни дека квалитетот секогаш се препознава и ве носи чекор повисоко на скалилата на успехот. Многу е важно да не се задоволиме со моментално постигнатото, туку да се стремиме за уште повеќе, уште подобри резултати.

Наташа Стојановска по професија е дипломиран специјалист по стретегиски менаџмет во моментот е раководител на сектор припрема во Про Енерго Дооел и раководител на сектор маркетинг во BV Bussines Group.

Вашата професионална патека во BV Bussines Group, како се справувате со предизвиците во своите улоги, како жена на менаџерски позиции?

Мојот професионален ангажман во BV Bussines Group започна пред неполни 8години. На самите почеточи од неколку компании на ист сопственик создаваќи тим од луѓе со исти или слични идеи и погледи, луѓе кои поставуваат пред себе нови сè повисоки цели и постојано размислуваат за други можности и идеи настана она што денес се нарекува BV Bussines Grop- групација која во моментот ја сочинуваат 13 компании кој број на компании од година во година се зголемува и го проширува дијапазонот на делување односно дејностите во кои делува.

Кои беа најголемите предизвици што сте ги искусиле како жена на менаџерска позиција?

Најголемите предизвици во групацијата е тоа што делуваме во различни дејности, со тоа моите почетоци беа во делот на угостителство и маркетинг за потоа да продолжам да делувам во делот енергетика што за мене претставуваше нешто сосема ново и различно, но со постојано учење, тимска работа и усовршување не постојат препреки кои неможат да се совладаат.

Како ги балансирате професионалните и личните ангажмани како жена во раководни позиции?

Како семејна жена, секојдневната динамика од обврски на работно место, во кругот на семејството , со добра организација и огромна подршка од сопругот и потесното семејство успевам да одделам време за себе, за семејството и пријателите.

Кои се вашите совети за други жени кои се стремат кон менаџерски позиции ?

Со самото тоа што раководната позиција е комплексна сама по себе и зависи од низа фактори, ако сакате да бидете успешни во тоа што го работите, мора да бидете решителни и да размислувате победнички.

Еден добар менаџер мора првенствено да си постави јасни цели и да креира раководен тим околу себе кој ќе работи на меѓусебна доверба бидејќи само така тој ќе биде пример за вработените и ќе може и од нив да бара квалитетно да ги извршуваат своите обврски. Мое мото на професионален план е: ,, Со тим кој постојано те подржува во својата работа секој предизвик е лесен за совладување.”