Битолчани не можите да ги купите со пари. Ќе ги купите само оние кои после вас поефтино ќе Ве продадат.

Битолчани за да Ве засакаат, мора за да направите барем нешто добро за нив и нивниот град. Пример да исчистите некое ѓубре, да засадите цвеќе или дрво. И тоа да го правите шо се вика „од мали“. Само себичен битолчанец ќе Ве засака за лична корист. И после тој прв ќе Ви го сврти грбо.

Битолчани никогаш нема да Ве изневерат доколку гините за нив и нивниот град, занемарувајќи си го вашето време и семејство кое Ви дава ветар во грб, бидејќи и тие се нели, дел од истите битолчани.
Гинењето не важи за вас и вашите блиски.

Битолчани не сакаат луѓе вообразени и исполнети со его, луѓе кои живеат на висока нога и вуспич однесени. Битолчани сакаат приземни луѓе, како нив.

За да бидеш со битолчани треба да си секој ден на Широк Сокак и Шеталиште , да не делиш од нив, да си претопен во таја средина како секоја гранитна плочка или инвентаро на секој кафич или ресторан.

Како битолчанец човек не можи да се роди. Има многу шо се родени во Битола, ама не се битолчани. За да бидиш битолчанец треба да започнеш уште од мали нозе. Првите лекции шо треба да ги положиш се лекциите на животот, другарствата, однесувањето со комшиите, па потоа доаѓа најбитното улицата, училиштето. Нормално да си успеваш во живото бидејќи одма ќе се најди некој за да кажи дали си бил тиквар во средно или со сите 6-ки си завршил факултет и со пријатели си се снашол. Тоа од тебе нема да направи да бидиш некој фактор . Само ќе се разбистри матната вода.

Затоа совреме, како шо велат битолчани, фрли си пред себе да си најш зад себе. Фрли му добрина за да те снајди подобрина. Нека ни е на здравје на сите.