Децата со нови чевли, нови пантолончиња, залижани фризурчиња. Дамите со дискретна шминка и кармин. Мажите по костум со лаковани чевли како огледало, да можеш на нив да се видиш. Луѓе гунгула. Сите исти, средна работничка класа. Насмејани, мирни, кротки, природни луѓе кои му се радуваа на секој ден. Најпоќе на ден Велигден.
Зато одамнина не за џабе е речено дека “Секој ден не е Велигден” .
Фотографија на Димитрије Гиновски Гина од градски парк во Битола. Едно јајце за едно кругче.