На седницата на Народен одбор на Битолска околија, одржана на 26 мај 1954 година е донесено решение за формирање на Околиски Архив Битола.

Со тоа официјално почнала да функционира професионална установа која веќе 67 години се грижи за прибирање, чување и средување на архивскиот материјал, при што овој датум се смета за датум на основање на Архивот во Битола.

Денес одделението во Битола има надлежности во општините: Битола, Демир Хисар, Могила, Новаци и Ресен со вкупно 336 иматели, од кои 202 иматели со јавен архивски материјал.
Одделението располага со 995 фонда и 32 збирки со околу 5 000 книги на повеќе јазици, 163 наслови на списанија и 155 наслови на весници.

ЧЕСТИТ ЈУБИЛЕЈ!