Со цел да се зголеми свеста кај сите за децата болни од рак, нашата мала битолчанка Ана Јошевска (7) , ученик во прво одделение во ОУ Ѓорги Сугарев од Битола, со поддршка од нејзините родители дел од нејзината коса ја донира за децата болни од канцер, сѐ со цел од неа да се изработи перика.

Откако ги контактиравме и се договоривме со НВО САНО, бевме на потстрижување кај битолската фризерка Кристина Кики Серафимова,

која ни даде поддршка и стрижењето беше гратис. Секоја чест за неа! … ни изјави таткото на малата Ана, Владо Јошевски.

„И вистинските херои носат перика“, велат од Здружението САНО повикувајќи ги граѓаните да се приклучат во нивниот проект за донирање коса за децата болни од рак, каде и нашата мала Ана донираше. За нечија коса да биде дел од перика треба да биде подолга од 20 сантиметри и да биде природна, нефарбана.

Имаме уште еден мал-голем хуманитарец! Ова слатко девојче се вика Ана Јошевска.
Со многу љубов и насмевки ја скрати својата коса, за да ги израдува другарчиња во болница. Браво Ана!… е напишано во нивната објава.

„Доколку имате желба вашата коса да се биде дел од периката изработена за некое од дечињата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение на Детската клиника во Скопје – контактирајте нé“, стои во повикот на Сано.


Фотографиите и текстот се објавени со дозвола од нејзините родители.