Најновото книжевно остварување „Музика“ на проф. д-р Александар Стерјовски од денес е дел од нашата електронска колекција

од March 6, 2024 0 коментари

Оваа книга е осма по ред од серијалот „Битолско десеткнижие” на професорот д-р Александар Стерјовски која од претходните се разликува не само по темата, музиката, а и со
непочитување на временската рамка, заокружната 1944 година. Тоа е направено намерно и
смислено, најмногу со желба да се даде прилог кон одбележувањето на големиот јубилеј на „Музичкото училиште“ – Битола – 75 години од основањето. Во отсуство монографија или посериозен научен труд за него, нека оваа книга биде честитка и топла благопожелба да продолжи со што помали проблеми во работата, со истиот елан и со уште поголеми успеси.

Во книгата која брои 360 страни се опфатени Балканскиот полифоничен амбиент, традиционалните и европски инструменти и битолски инструменталисти, битолскиот музичен амбиент, хорови, оркестри, концерти, гостувања, почеток и работа на основното музичко училиште во Битола и др.

[rev_slider alias=”slider-14″][/rev_slider]

Книгата е поддржана од Конзулат на Република Србија во Република Македонија, уредник Горан Петровски и технички уредник Пеце Илиевски во тираж од 300 примероци.

Од денес книгата „Музика“ е дел од нашата голема колекција на електронски ПДФ книги на реномираниот битолски хроничар проф. д-р Александар Стерјовски и можете да ја превземете ТУКА

Babam Bitola

Comments are closed.