Рбетот го носи нашето тело и претставува столб и темел на целото тело .
Здравјето на рбетот е од исклучителна важност кај секого а особено кај децата, еве неколку совети како да го зачувате рбетот здрав.

НЕ КОРИСТЕТЕ МЕК ДУШЕК
Мекиот душек е многу поштетен за рбетот за разлика од тврдиот . Затоа вашиот душек е потребно да биде доволно тврд за да го потпира рбетот .

ПРАВИЛНА ПЕРНИЦА Е ВАЖНА
Правилната перница е важна за здравјето на рбетот најдобро е таа да има висина помеѓу 10 и 12 см . Треба да биде доволно голема за да на неа мозат да се наместат главата и вратот но никако рамениците .

ЗОШТО Е ДОБАР ТВРДИОТ СТОЛ
Можеби фотејлите се удобни и меки но тврдите столови се многу поделотворни за лумбалниот дел од рбетот. За лумбалниот дел е потребно нешто цврсто да го држи и потпира тврдиот стол одлично ќе го прави тоа за сметка на мекиот .

НИКОГАШ НЕ СТОЈТЕ ВКОЧАНЕТО НА ЕДНО МЕСТО
Доколку е потребно повеќе време да стојте на едно место никако немојте да стојте вкочанети. Поткревајте ги нозете на изменично на 20-сетина сантиметри на секој десетина минути .

КОГА ДИГАТЕ ТЕШКО ПОВЕЌЕ КОРИСТЕТЕ ЈА СИЛАТА НА НОЗЕТЕ
Кога дигате тешко не оптеретувајте ги толку рацете и трудете се силата да ја црпите од нозете и не ја свиткувајте ја половината туку свиткувајте ги колениците.

ПРАВИЛНО СЕДЕЊЕ ПРЕД КОМПЈУТЕР
Мониторот треба да биде во висина на очите под агол од 90 степени на одалеченост барем од 50 см.

НЕ ГИ ПРЕКРСТУВАЈТЕ НОЗЕТЕ
Немојте да ги прекрстувате нозете бидејки на овај начин ги оптеретувате карличните мускули и му штетите на лумбалниот дел на рбетот затоа нозете држете ги исправени секогаш.

ТРУДЕТЕ СЕ ДА СПИЕТЕ НА ГРБ
Избегнувајте спиење на стомак така значително му правите штета и оптеретување на рбетот .

За повеќе консултации Центар за масажи и одржување на тело ФИЗИОТЕРАПЕВТ ЗДРАВЈЕ .
Физиотерапевт Илија Жежов 078 220 785