Битолско минато

Со ПЕТ(АР) Во ПЕТ(ОК)

Петар Ставрев
Специјално за „Бабам Битола“

Додека беше жива, а почина во 2015 г. каде и да одеше Милица Павловска предизвикуваше внимание и почит, зашто сите ја знаеја дека таа е првата жена тракторист во Македонија, а според некои кажувања и првата во Југославија. За неа се пишуваше и во многу весници и списанија, зашто некогаш оваа нејзина професија беше многу ретка. Така починатиот новинар Михајло Џима во „Нова Македонија“ на 9.10.1984 г. кога во погонот Радобор на ЗИК „Пелагонија“ се одржуваше натпреварот на орачите на Југославија „Титова бразда“, за неа покрај другото го напиша и следното: „Бевме полни со некаков чуден занес, мислевме и бевме убедени дека ние сме тие што ќе го изменат светот. Станавме луѓе кои со сопствените раце го калевме челикот.“

А, Милица Павловска беше една од седумте ќерки на Магда и Ристо, кој имаше сопствена транспортна авто-превозничка фирма. Милица уште како младо девојче се вљуби во возилата што и беа на располагање.

Во 1945 г. го положи тракторскиот курс и управувајќи со тракторот ораше квалитетни бразди. Подоцна положи и да вози автобус и повторно беше забележана како прва жена што со него управуваше од Битола до Ресен.Не само нејзините сестри Лена, Цвета, Нада, Таца, Марија и Вангелица што се чудеа на нејзината љубов кон тракторите, туку тоа беше изненадување и за познатиот хармоникаш Крсте-викан Левакот, зашто и тој беше меѓу ретките свирачи на тој инструмент што на дирките притискаше со левата рака, зашто беше и наречен Крсте Левакот. Милица во бракот со него ги добија ќерките Виолета и Драгица.Милица во подоцнежните години со сопругот Крсте учествуваше во пеачки групи и хорови но, иако изминаа пет години од нејзината смрт таа засекогаш ќе биде запаметена како жена, неизмерно вљубена во тракторот и земјоделската механизација, зашто знаеше не само да управува со неа, туку и да ја поправа.
Во 1945 г. го положи тракторскиот курс и управувајќи со тракторот ораше квалитетни бразди. Подоцна положи и да вози автобус и повторно беше забележана како прва жена што со него управуваше од Битола до Ресен.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here