Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со умерен до засилен јужен ветер. Во четврток повторно ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови, а на планините на запад ќе врне снег. Поради продор на многу студена воздушна маса од север, во четврток попладне ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во наредните денови и ќе услови значително заладување. Во деновите од викендот ќе има локални врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат многу ниски, а и дневните ќе се задржат под нулата.
Извор УХМР