На повеќе од 120 години од почетокот на фудбалот во Битола во соработка со Државен Архив-Одделение Битола за сите заинтересирани ќе Ви преставиме една мала брошура од првиот колекционер на територијата на Република Македонија, битолчанецот Коста Догу.
Како што и тој самиот во нејзиниот предговор пишува оваа фудбалска брошура за битолскиот фудбал е за фудбалот од 1896 до 1920г. и ја се збогатува историјата во извесна мерка за битолскиот фудбал.
„Сликата на фудбалскиот зачеток во Битола во текот на првиот живот на првата топка во Битола. Иако има многу пропусти, за ценет и толку потребен фудбалски документ историјатот за фудбалот во Битола…“ има запишано и составено Коста Догу во неговата мала брошура за Битолскиот фудбал 1896 – 1920г. која моментално се наоѓа во Државен Архив-Одделение Битола и е достапна за сите заинтересирани љубители на спортот и истражувачи за минатото на нашиот град.
Ние заедно со нив одлучивме дел по дел да Ви преставиме нешто од неа во неговото оригинално ракописно пишување за почетокот на фудбалот во светот, фудбалот во Битола, првата фудбалерска топка купена од Виена, фудбалот кај игралиштето Заро итн. Ќе Ви го пренесеме изворниот стил на пишување на битолчанецот Коста Догу кој покрај новинар и известувач бил и колекционер на секакви стари и нови работи од тоа време.
БИТОЛСКИ ФУДБАЛ- ПРВАТА ФУДБАЛСКА ТОПКА ВО БИТОЛА
Првата топка – фудбалот во Битола. По одржаните олимписки игри во 1890 г. вишите гимназии во Македонија – во бившата Турска империја – поред другите гимнастички игри како фрлање на копје, диск овалниот камен и.т.н. воведоја и топката – фудбалот како нова грана од тој вид игра спорт. Кон 1896 г. битолската виша – полна гимназија веќе ја имаше и првата топка фудбалот.
Фудбалот го играја – изведуваа -учениците од вишите класови за време на гимнастичките часови по установениот школски распоред. Учениците – вежбачите – играа (изведуваа) овој нов вид игра (фудбал). Целната мета голот се означуваше со два купови камења наместо стативи на одалеченост од 4-5 метри еден до друг. Камењата беа покриени со облеката на самите играчи. Бранителот – голманот- на целната мета голот се поставуваше од самите вежбачи – играчи и тоа еден од најдобрите кој ги исполнуваше гимнастичките (спортски) рутини и тоа окретност, итрост, еластичност итн.
По завршувањето на сите припреми за стартот почнуваше играњето. Првиот ударац (шутот) на топката (фудбалот) го даваше гимнастичарот по што се редеја фалангасто вежбачите – играчите и еден по друг ја изведуваја вежбата шутирање кон целната мета (голманот). Бранителот (голманот) бранеше на целната мета, вратата или голот, имаше промашувања и доста голови.
(продолжува)
Голема благодарност до Државен Архив-Одделение Битола