Виктор А.К.А. Башлак

Позната е изреката за медицината која вели:” Медицината е толку напредната, шо денес нема ниту еден здрав чоек.” 

Јас да знаев дека толку ќе биди лесно еден ден да бидиш лекар, одамна ќе баталев и право и се, одма ќе одев за доктор. 

Ја слушам една докторка вика, абе не знајте вие колку години учиме, колкави книги, па стажирање, па специјализации, па ексик.

 Tо е уште еден показател дека медицината е далеку ојдена, бидејќи толкави книги и толку многу години учење, студирање и пракса, да ги сведиш само на два збора : Наследно ти е и пазете  сега вирус владеј, то е успех, а исто од толку многу лекарства ти да му речиш, ќе си пиеш секој ден по полојнче дијазепам, во потешки деној цело ќе му го акниш ударна доза и ич да не му ја думаш. 

То е ептен голема заштеда за луѓето шо треба да купват триста видој апчиња.

Стручноста на лекарите ќе ја потврдам со неколку примери: 

Пример оди чоек настинат затнат, неможи да диши. Докторо му вика вирус е, лежи дома, пиј чај, парацетамол и оп за месец дена ќе оздравиш, ако евентуално не се прибериш кај дедо ти Киро бог да го прости, арен чоек беше се поднапиваше. Гад демет докторе !!!  

Оди друга жена, му вика абе да видите докторке наеднаш ми се стемнува пред очи, ладна пот ме облева и несвесница ме фаќа. Ова му вика, шеќераш дома имате, ами дедо ми беше шеќераш, епа и тебе ти е шеќеро, наследно ви е, ќе пиеш од овие Глукофаж по полојнка и ко ќе ти се стемнува така по една кока кола и бомбонче. Ко Белевски шо ни даваше дури трениравме ракомет-мене по јајца ме манаја попојте во бело ги гледам, а тој трча со бомбончиња од оние за душа шо ги дават. Абе аман со смеа ме лечиш да си еб*ш веко алал да ти е.

Иди еден трет чоек му вика имам мака ме боли стомако како да ме дупи нешто. Докторката демек го прегледва, овде те боли и го прицка кај џигеро, тој ооооф, таја пак на другата страна го прицка кај желуднико , тој пак ооооф. Го прашва, господине вие пиете ??  

-Ами пијам по некоја ракија, пивце, винце, со мезе, со другарите фудбал ко ќе има и ко ќе нема, а докторката без да знај дека му го скратва живото му вика, епа од сега нема поќе пиење. Аман бе докторке, толку учење, студирање, стажирање, пракса, за наследно ти е , вирус владеј и непиј поќе ??? 

Бравос навистина медицината ојде напред. 

А после она ко се деси куршлус во болницата, во шише од инфузија чистачката ко кладе Доместос, 100% сум сигурен дека далеку ќе стигниме. 

Да не се разболи чоек, вие ќе го умрите. Ај здраво.

Хахахаха

Секоја чест на исклучоци…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here