– Почетокот на Широк Сокак некогаш бил од кај судскиот мост (мостот кај Интифа) и поминувал покрај Саатот па Магнолија и каде што е сега,се до Офицерскиот Дом.
– Првото осветлување се случи на 24 декември 1924 г. каде во 17.00 ч. блеснаа светилките по улицата, кафаните, берберниците…
– На Широк Сокак некогаш имало и бензиска пумпа..
-Се нарекувал Цар Фердинанд, Абдул Хамид, Хамидие Џамеси,бКрал Петар, Цар Борис, Маршал Тито…
– Некогашни знаменити објекти: хотелот Босна, хотел Јефтиќ, ресторан Ројал, Паско фурна, бурекчилница Ужице, меанче Боро Божич, Српски Крал кафана, Централ хотел ресторан, Памбуќи мала кафана, кафана Турист, Кај Лесковчанецот кафана, бифе Таково, хотел и кафана Југославија, кафана Бристол, кафана Шумадија…
– На Широк Сокак се уништени неколку објекти кои беа под заштита, за пробивање на улицата Борис Кидрич…
Широк Сокак бил проточна артерија на дипломати, трговци, аскери, воени старешини, улица на угледни хотели, слаткари, нови згради и фасади кои сведочат за големото богатство на нивните домаќини.
ШИРОК СОКАК е една и единствена, најпознатата и најубава улица во Македонија и надалеку на поширокиот Балкан….факт кој е повеќе познат и доживуван постојано од нас битолчани!