Блиц интервју со еден поранешен фудбалер на ФК Пелистер, господинот Елведин Мехинагиќ. Роден 13 Август 1964 г. во Прибој, каде и ја започнува фудбалската кариера во ФК Фап од каде, крајот на 80тите доаѓа во Работнички (Раднички) па Пелистер итн. Моментално работи како тренер на фудбалски клуб во Австрија…
1 Во кој период настапувавте во ФК Пелистер?
Е.М.За Пелистер играв од летото 1990 год до зимата 1992 год.
2 Дали ви се допадна Битола ?
Е.М.Градот Битола е прекрасен, Старата чаршија, шеталиштето, во близина ги посетив и Преспа и Охрид.
3. Имате ли некоја анегдота поврзана со вашиот престој во Битола?
Е.М.Кога излегувавме навечер на музика, секогаш одевме таму каде свиреа групата “Боеми„ и кога ќе се појавев одма се најавуваше една песна за „босанецот„.
4.Дали контактирате со поранешните фудбалери на ФК Пелистер?
Е.М.Контактирам со повеќето соиграчи преку фб, а посебно со кумот Китановски.
5.Дали ја посетувате Битола по вашето заминување од ФК Пелистер?
Е.М.Во Битола сум бил последно во 1996 год, кога вадев извод за мојот син кој е роден во 1991 год во Битола, па и на таков начин сум поврзан со овој град.
6.За крај што им порачувате на Битолчаните и симпатизерите на ФК Пелистер ?
Е.М.Сакам ФК Пелистер да добие нов стадион и да биди повторно јак како некогаш. Многу поздрав до сите соиграчи, играчи, тренери и до навивачите…
интервју на Благојче Андонов