Книгата „Битолската Империја на Темјанушките“ го дочека светлото на денот во неделата (26.05.2019) во хотелот „Милениум“ во Битола.

Книга инспирирана од уникатниот животен пат на авторот Билјана Јана Божидар, книга која никого не остава рамнодушен после читањето и остава желба да биде прочитана повторно, и повторно, и повторно…
Книга преку која може да запознаете многу различни караткери, да се соживеете со ситуациите со кои писателот се соочил и да се обидете да ги почувствувате.

Како еден од мотивите во оваа книга се јавува и компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола, која воедно е прикажана под името „Битолската Империја на Темјанушките“. Преку зборовите на Билјана се запознаваме со многу нови аспекти за овој колектив, се рушат многу предрасуди за оваа компанија и се учат многу принципи и вредности кои што ја мотивирале да ја напише и да ја издаде оваа книга. Билјана е една од 6500-те вработени кои сигурноста и стабилнота ја пронашле во оваа компанија која и тоа како има удел во развојот и животот врз целиот пелагониски регион.

„Битолската империја на темјанушките“ е книга која е поврзана со на-големо присутната виолетова боја во градот Битола, боја која иако наиде на скептицизам и неверување на почетокот, полека но сигурно остава свој печат и гласно го потенцира своето присуство во нашиот живот. Империјата во која, како што вели и самата писателка, царува љубовта и среќата, каде цела година мотивација е работата, трудот, насмевките, успесите, пријателствата, дружбите… каде што на кратко има сѐ.

Тимот на компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола застана како подршка до оваа талентирана, млада авторка и сите ние заедно со нив ѝ посакуваме на Билјана уште многу успеси и уште многу страници исшарани со нејзиниот ракопис.