На самиот врв од најпрофабилните фирми без вработени е КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ ПЕЛИСТЕР. Минатата година Општина Битола склучи договор за спонзорство со компанијата „Таск Форс“. Лани кошаркарскиот клуб направил приход од 690.000 евра, а повеќе од половна, односно 396.000 му останале како профит.

Според податоците, најголемата компанија со нула вработени е АЛПИК ЕНЕРГИЈА СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје, која има приход од 12,1 милион евра. Најпрофитната е КОШАРКАРСКИ КЛУБ ПЕЛИСТЕР АД Битола со добивка од речиси 396.000 евра. Најмногу фирми со нула вработени има во трговијата (423), а по градови, очекувано – во Скопје (791).

Извор и повеќе од анализата кај нашите соработници Пари.ком.мк.