Камениот мост во Битола до пред четириесетина години беше голема знаменитост и убавина за битолчани со својот стар стил на градба и единствен таков како последен останат камен мост во градот.

Со покривањето на реката Курделец(курт дере тур.волчји поток или курделе тур.лента,поток како лента,к’урде дереш-кај оди дери-се мисли на големата опасност која ја правела реката надојдена од Пелистерот) над која се наоѓал мостот во пресек со Широк Сокак завршува и неговата намена по што се асфалтира улицата Солунска.
“Камен мост” уште остана како синоним и топоним помеѓу битолчани,место каде како деца пуштале бродчина во реката,се бркале и жбуркале во водата,потпрени на него го направиле првиот шмек или бакнеж кон својата љубена…
Убаво би било пак тој да биде изграден и оформен под кој сега би поминувало некое патничко возило или не,можеби некој пајтон…повторно…ех
Камениот мост на Битола…
Бабам Битола

фото Непознат автор