Ајри Демировски (турски: Hayri Önder; Битола, 1927 – Измир, Турција, 21 октомври 2009) — македонски музичар од турско потекло. Најпознат е како автор на песната „Битола, мој роден крај“.
Демировски е роден во 1927 година во Битола. Како млад го изучувал берберскиот занает кај Вангел Тодоровски – Мајорот, подоцнежен народен херој.По ослободувањето бил првиот ученик од Битола испратен во Загреб во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар. Се вработил како чувар во Радио Битола. Работејќи во радиото имал несекојдневна прилика редовно да ги слуша во живо најпопуларните битолски и македонски пејачи. Тоа го поттикнало да почне да размислува во насока на создавање на нова македонска музика.

Првите битолски Вибер стикери

Демировски има компонирано над педесетина песни. Негови се популарните: „Мариче ле лично девојче“, „Таму ле мајко близу Битола“, „Само ти се чудам Цвето“, „Сношти те Маре сонував“, „За кого ти цути Дано лицето“, „Денот ми наблиза на гурбет да заминам” и многу други, за кои се смета дека се народни, бидејќи се општоприфатени и пејани.

Најпопуларната меѓу нив е неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај“, песна во која ја опеал својата огромна љубов кон родната Битола, песна која претставува неповторлив музички симбол и по која Битола ја препознаваат и распознаваат. Битолчани оваа песна ја прогласиле за песна на векот, а Демировски за почесен граѓанин на Битола во 2006 година.

За Турција заминал во 1955 година. Продукциската куќа ISR од Истанбул за Демировски подготвувала документарен филм во кој во финалната фаза се снимала во Битола кога екипата била затекната од тажната вест за смртта на Демировски. Починал во Измир, Турција на 21 октомври 2009 каде што живеел 25 години.

„Каде и да заврши мојот живот, срцето секогаш ќе ми остане во Битола.“

Документарниот филм е снимен во продукција на МТВ, и како и многу пати бескрајно сме благодарни за архивирањето на овие видео ризници.

Животопис на РТВ Скопје од 15.01.1984 година.

Во прилогот има многу убава репортажа од изгледот на градот во 1984 година но и многу учесници,за кој се надеваме дека некој ќе ги препознае…уживајте во видеото