За В и В!!!
За вербата, вољата и инспирацијата.

Го вкусив триатлонскиот Еверест -Ironman.

Пливање 3,8 км за 1:18 мин
Точак 180 км за 6:17 мин
Трчање 42 км за 4:44 мин
Или се вкупно ми требаа 12 сати и 47 минути .

Од секогаш се воодушевував , и се прашував какви се тие луѓе, што го можат да го изработат ова.
Сега сфаќам дека се најобични како секој еден ,само силно посветени и инспирирани ништо повеќе.
Иако Битола нема ни затворен базен , патеки за трчање, ниту пак триатлон клуб или тренер кој можи да те спреми или советува за ваков тип на предизвик сепак јас си докажав дека нема граница и дека се е до нас, нема изговори.
Баш ради то дека ,само вољата и инспирација го напрај ова , решив да пишам , за да можам и јас некого да го инспирирам и да ја запалам искрата на неговиот оган.

Лично мислам дека инспирацијата ќе го спаси светот.

Кога сме кај мојата инспирација, не ја црпам од светски и професионални врвни недостижни атлети, туку од многу наши сограѓани луѓе кои ги познавам и гледам – за мене херои како што се тркачи ,пливачи , летачи , бициклисти, качвачи , без оглед дали се деца или возрасни, рекреативци или спортисти на нивните лични успеси и подвизи човек можи само да се диви.

Таквите луѓе го променија и мојот свет .

Мислам дека ако можеш да се промениш себе , тогаш ќе се победиш самиот , и со то ќе го смениш и светот во кој живејш .
И така тој нов свет ќе биди инспирација за промена на некој друг свет, и за то не треба никави пари и не треба ништо за возврат .
Инспирација исто имам и од оние кои не се повеќе мегу нас , а биле со голема страст кон животот и биле дел од една таква приказна која влијае на мене . .
Овај мој потфат не е само мој ако само на сликите воглавно сум јас сликан ( секогаш главните се позадина).
Баш зато оти не можи да се види на слика, сакам вака јавно да кажам дека најголемата заслуга и тежина за постигнататото е на мојата сопруга Сандра и децата Дима и Деа .
Зато шо тие го носеше најголемиот товар , а ја даваа најголемата сила и безрезервната подршка .
Без таква подршка и разбирање за ваква помалку и надреална идеа (во то време и за мене ) не беше возможно.
Некој да те разбери и да те подржува во твоите екстремни( за некои луѓе ) идеи е најголемиот дар и привилегија што човек можи да го посака .
Не е само клише туку тоа навистина е така.
Многу ги сакам и тие се моите иронмени, многу повеќе и многу подобри од она што сум јас .
После сакам да искажам и голема благодарност и за мајка ми , таа ми е моја сила и инспирација , татко ми мојот најголем другар и чувар спасител ( низ годините имаше бајаги работа), сестра ми таа е мојата душа , и моите внуци ти се мојата сила.
Едно огромно , огромно , огромно благодарам за Биљана Сивева и Горан Стефановски кои се моите спаринг партнери , моите спортски “ brоther in arms “, моите тренери , советници , мои драги пријатели кој силно веруваа во мене и ме бодреа , и во моментите кога бев несигурен и скептичен дали е воопшто возможно за мене ваков предизвик , ми беа огромна подршка и помош .
Знам и со каква страст и исчекување и самите ја преживуваа трката .
Благодарам и на триатлон федерација на Македонија посебно на секретарот Гордана , за несебичната подршка и помошта околу докуметацијата за пријавата на трката.
Еден голем поздрав до пливачкиот клуб Југ , велосипедскиот клуб 15 мај Пелистер, и атлетскиот клуб Олимп , кој дирекно или индиректно се дел од оваа триатлонска приказна .
Веројатно ништо во животот не е случајно па така испадна сосема неочекувано и без некој посебен повод, непосредно пред заминување без да се знае за моите намери , добив велосипедски дрес на кој стои македонското знаме , грбот на Општина Битола , и името Битола и Пелистер .

Се некако си доби смисла и цел.

Нормално гордо и достоинствено со најголем кеф го носев името Пелистер и Битола и нашите симболи и македонското знаме .
Посебно ми беше кеф затоа што стои и името на Пелистер затоа шо таа е планината која го создаде првиот македонски искачувач на Еверест и првата македонска олимпика.

Врвни инспиративни приказни .

Големо благодарам и до Драган Кочиски кој ме “турна” и даде мотив да влезам во маратонскиот триатлон .

Благодарам и до Мартин Јовановски и Горан Козаров кој пред само година и пол со нивна помош и со позајмено триатлон одело и позајмен точак ојдов на првата триатлон трка во Дојран.

Благородност до Никола за сервисињето на точко Дорчо и бајкерските совети.

Благодарност секако и за моите најблиски соработници Коче, Кирсата и Фросина , мојата втора фамилија .

Голема благодарност до сестра Ефимија за вербата и љубовта со која ме облагодородува .

Благодарност до баџото Емил кој беше водач на експедицијата, во Италија и без неговата помош патот и цела организација би била невозможна .

Благодарност и до цела моја фамилија која силно ми даваа подршка и веруваа дака ке успеам . .

Само едно знам дека кај нас има врвни пливачи, атлетичари и бициклисти и дека ова нема да биде прва и последна вака триатлонска приказна и дека допрва Битола ќе испишува инспиративни приказни како што тоа и претходно го правела .

Anything is possible .

Вања Атанасов