Дур траеше журката на Бегово поле, случајно падна муабет за “Ај да возиме на Пелистер “и пошо не сум бил досеа таму, решив да ја соберам Лејла и да фатиме угорница на точак до Големо езеро.

Временската прогноза не ветуваше многу, ама имав некое чувство дека ќе биде се како што треба. Така и бидна.

Организационо, една од најдобро организираните рекреативни тури на која сум учевствувал. Дечките стварно се потрудиле. Дружење, смеа, музика, журкање, а најбитно ПРИРОДА која треба да се види и осети.

Сѐ на сѐ, одличен викенд кој долго ќе се памети.
Браво Битолчани!
Браво “Ај да возиме на Пелистер”!

Валон Ќерими

(Евенто беше на Пелистер за време на викендо шо помина, дечките си поминаја најубо со забава и жива свирка. П.С. То ќе остани. Респект)

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here