МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ АПЕЛИРА: СТУДЕНИ ВОЗДУШНИ БРАНОВИ МОЖЕ ДА ЈА ПОГОДУВААТ ЕВРОПА, БАЛКАНОТ И РЕГИОНОТ НА БИТОЛА ЗА СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ

Според најновите анализи кој ние ги направивме не се ни малку добри затоа што во текот на следните месеци ( до крајот на овој месец, месец август, септември, октомври, ноември и декември) се се поголеми шансите Европскиот Континент а особено Балканскиот Полуостров и југоисточна Европа да бидат почесто погодувани од постудени воздушни маси кој би условиле релативно ниски и подпросечни температури на воздухот.

Во склоп со ова секако може да се очекуваат и повремено влажни воздушни бранови кој би условувале врнежи од дожд а доколку се случи некој изразен студен бран не се исклучува и на највисоките места дури и врнежи од снег.

Рекламирајте го вашиот бизнис со најдобриот македонски метеоролог ТУКА

Постудено од нормалата ќе биде и во нашата држава вклучувајќи ја Битола и битолскиот регион речиси од сите горно – споменати месеци што значи во текот на летово не смее да не изненадуваат пониски температури на воздухот од нормалата за летниот период како и почести влажни воздушни бранови кој би условувале врнежи и повремена нестабилност проследена со грмежи и услови за локално невреме со град.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за долгорочна анализа на времето промена на истата е можна па затоа ние КОНТИНУИРАНО ќе го следиме развојот на времето и на секоја ново – настаната временска состојба кај нас.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.