????????????????????????????????????
По 21 пат, место на средба на професионални актери кои ја слават монодрамата како модерна театарска форма на “one man show”.
Овој фестивал е толку многу посебен и надвор од рамките на програмските насоки на било кој друг театарски фестивал во нашата држава.

Со светски контекст кој го потврдува гостувањето на монодрами од Велика Британија, Русија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Словачка, Црна Гора и Монголија, со уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции.
Свеченото отварање на фестивалот ќе биде на 9 мај со премиерата „БАКХИ – краток преглед на распадот“ од Еврипид, а во режија на еден од најактуелните театарски режисери во поширокиот регион, наградуваниот Игор Вук Торбица.

Со свои настапи најавени се Миа Беговиќ, Ксенија Прохаска, Петар Милошевски, Камил Бистрик, Слободан Маруновиќ, Бајасгалан Церендор, Димитрина Мицкоска, Јана Лазар, Маја Бежанска, Васко Мавровски, Јесим Озосој, Бобан Алексоски и Игор Ларин.
Во офф програмата планирани се две дебати под насловот „ Монодрамата, од двете страни на сцената “, концерт на групата Фолтин и афтерпарти во избрани битолски кафулиња.

Маја Андоновска-Илијевски, директор на фестивалот и на НУ Центар за култура Битола истакна: „Скапоцено е што мојот град Битола е запишан на светската мапа на фестивали на монодрама. Оваа година со минимални средства, но со храбра одлука од наша страна да напарвиме светски фестивал. Со сопствени сили на Центарот за култура, со поддршка на Општина Битола и на неколку спонзори и индивидуални поддржувачи, на кои сме им бескрајно благодарни.

Жири комисијата е составена од славната Нина Мазур, режисерката Софија Ристевска-Петрушева, а претседател на жирито е Ментор Зумберај.
Селектор на фестивалот е доајенот на македонскиот тетатар, актерот Петар Мирчевски.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here