Зима ко зима, Виктор А.К.А. Башлак

Здраво јас сум Весна Солунчевска имам 39 години и работам во Хидро метеолошкиот завод во Битола (ако воопшто постој таков хахаха). Во минатите три години имавме две благи зими, а народо наш одма заборај шо е тешка Зима, па сега ко стегна годинава одма ги фати паника сите. Ама за среќа јас сум во Битола па покрај то шо е најладно од цела Македонија, на улиците една рака сол не се фрли, снего никој не го чисти, а маглата си лежи и ни прај уште полошо. Во Битола од шо е ладно надвор, да напрајш снешко, ке ти падни жал ќе го прибериш дома и чај ќе го напиеш, но има добра атмосвера, никој не паничи и ништо не пречи за да си имаме преубај празници.
Во 1954 година во Берово биле измерени рекордни -32.
Пред 60 години на 27 јануари е регистрирана најниската температура во Македонија. Во Берово се измерени минус 31,5 степени Целзиусови. Најверојатно колегите пред да го изјават ова забораја дека во Битола во 2012-та имаше – 35 тогаш сите моравме џемперчина да носиме колку од настино да се куртулиме, оти сите се тресевме ко цицки на Пајдушко.
Ние во Битола како стално се тешиме со Скопјаните и си велиме стално ќути шо не е толку ладно во Скопје оти ексик кој ќе ги слуша по телевизи по интернети. Ама ние нема шо да се лутиме, секој различно ја доживува зимата па еве како ја доживуваме ние во Битола, а како во Скопје.
+ 10°C – Скопјани вклучуваат греење, а на Широк Сокак уште се ПИЕ Пиво
+ 2°C – Скопјани заради снего имаат гужва во сообраќајо, а на Широк Сокак гужва по кафичи, неможиш маса да најдиш.
0°C – во Скопје се разговара за вонредна состојба, а на Широк Сокак се разговара дали да се седни надвор или внатре, оти не било баш ладно.
-10°C – Скопјани сред елементарна непогода, сите работат со скратено време, храна се доставува до домовите, а Битолчани почнуваат да ја вадат зимската облека
– 20°C – Скопјани … Скопјани ?? Нема Скопјани се е штама, а Битолчани почнаја да ги запетлуват палтата.
– 30°C – колите не палат,а Битолчани одат пешки
– 40°C – во Европа распад на парно инсталациите во Битола парното… парно??? Нема парно!
– 50°C – во Битолската библиотека – размена на искуства со колегите од Сибир, во една пријатна работна атмосвера…
Ајде пријатели морам да одам, а само колку да знајте дека студеното време ќе продолжи и во наредните недела две!!!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here