Кафаните во Дембел чаршија биле на десниот брег на Драгорот (на старата фотографијата лево), но заради големата посетеност, кафанџиите поставувале маси и на левиот брег. За да можеле келнерите да ги служат гостите на и левиот брег бил изграден многу тесен мост само за нивните потреби. На мостот можеле да се разминат само двајца, само келнерите! На старата фотографија се гледа токму тој мост.
Фотографијата е направена од Мостот кај судот/Интифа, кој во тоа време бил реновиран, стариот дрвен мост бил заменет со железен, како дел од воените репарации што Германија ги исплатила за направените штети во Првата Светска војна.
Битола некогаш и сега