ДЕМБЕЛ ЧАРШИЈА, настан за враќање на некогашните градски вредности во Битола.

Денес и официјално сакаме да Ве информираме дека на 31.08.2023 г.(четврток) заедно со кафе бар ВЕЗИЛКА и музичката група БИТОЛСКИ ТАМБУРАШИ ќе го организираме настанот во делот на Безистен покрај река Драгор. Поведеени од стиховите за нас на една од најубавите битолски песни на Петар Калица „Ако одам во Битола”. во спој со духот и времето од живеењето во некогашна градска Битола, после повеќе од 70-тина години одлучивме да го разбудиме битолското во нас и да започниме повторно да си ги негуваме некогашните традиционални вредности по кои беше препознатлив нашиот град со намера сето тоа да продолжи и да трае понатаму во Битола.

И затоа драги битолчани вашата поддршка ќе ни биде значајна и да си повелите на убава вечер со староградска музика со битолски и македонски песни, покрај свежината на река Драгор и заедно со вас да го вратиме духот и сјајот на една од најпрепознатливите чаршии во Битола..

Овај четврток 31.08 2023 г. почеток од 20.00 часот.

Резервации на телефон 078 523 663