На 05.10.2023 г. (четврток) со почеток во 18.00 ч. познатата битолска карикатуристка Кети Радевска во кафе бар „Везилка“ со наша поддршка ќе одржи самостојна изложба на нејзините карикатури од познатите битолчани насловена како „За Битола и битолчани“ каде во нивно друштво ќе ни престави над 30 цртежи на кои ги има музичката дива Виолета Томовска, Сашка Петковска, Јонче Христовски, Перо Калица, Александар Стерјовски, Петар Ставрев, Валентин Соклевски, Владимир Костов, Панде Димитровски и многу други.

Затоа од сега до сите нив и нивните фамилии испраќаме јавна и отворена покана на заедничко дружење, овај четврток на 05.10.2023 гж во кафе бар „Везилка“ во Безистен со почеток во 18 ч. заедно со нив и карикатурите на Кети Радевска. Влез слободен за сите битолчани и Ве очекуваме.

Медиумски партнери Бабам Битола, Апла, Читај Бе, Тера ТВ. МТВ.