Актерот Бојан Велевски прави голема стендап турнеја низ десет градови во Македонија, со наслов „Све ли ја да мислам”
Премиерата тргна од Прилеп, продолжи во Струмица и Кавадарци. На овие три настани Божидар и Бојан собраа 2000 луѓе.


Битола е еден од најважните градови во турнејата според Бојан:

.

„Ако сакаш да знаеш дали навистина имаш добро шоу, тогаш оценката од битолчани веројатно е најверодостојна. Тешко е да  „му” погодиш на битолчани, имаат високи критериуми кога е во прашање културата. Ако поминеш во Битола како што треба, тогаш можеш мирно да спиеш“, открива Велевски

Продажбата веќе започна. Близу 150 карти се веќе продадени до овој момент, а настапот е на 13ти октомври во Центарот за Култура, 20ч. Карти имате во Димпо тобако и Бурбон паб (200ден)

Ова е атмосферата од последното гостување на Бојан во Битола.