Во градот Битола низ векови наназад имало дури стотина анови. Според некои записи првиот ан бил подигнат во 1435 година од Сунгур чауш беј, голем добротвор за Битола. За битолските анови пишувал и турскиот патеписец од 17 век, Евлија Челебија кој во својот тефтер забележал дека по ановите се пее, се игра, се јаде до зори, било многу весело и имало многу девојки…
Откако Челебија ќе запишел се што ќе му се видело интересно влегувал во некој од ановите и додека јадел бележел што има на софрите, печено јагне, бирјан, капама, риба и разно овошје донесено од сите страни на светот.
На сликата Буковски Ан, локација уличката кај Ѕвончарите
Ан (од турски: han[1]) или конак — преставувал еден вид на гостилница и преноќиште, остаток од османлиско време за патниците и нивните каравани. Овие згради имале штала за коњ, внатрешен двор, соби за патниците,гостилница (меана) и простории за анџијата.
Битола како велеград била позната по нејзините анови. Ановите најчесто ги добивале имињата по жителите кои престојувале во нив, а некои и по името на газдите.
Епизодите на “Заборавените битолски анови” се посветени на големиот битолчанец Ѓорги Десано