Од некогашниот битолчанец кој не е Сотка ами Тирка… Тирка е битолчанец и е кондураџија и пие бира, може да е ќељав и две влакна да има пак на патец ќе ги чешла. Во тоа било достоинството косата на патец да се чешла….

Додека внатрешниот портрет на типичниот битолчанец  бил дека тој е…

Добар човек и мек. Ама пред светот тоа не го покажува. Воздржан е. При погреби на блиски, стегнат во вилиците, солза не пушта. Ама кога ќе се најде насамо, кошулата потоп ја прави. Плаче без да наддаде глас, никој да не го види, никој да не го чуе. Се чини дека е егоист, дека не сочувствува, дека не фрла поглед на питач, на сиромав. Меѓутоа, тајно, никој да не го разбере, ќе му даде пари на комшијата да си купи дрва за да не му измрзнат децата. B црква оди. Ама не е фарисеј. Но не е ни митар. Зашто и во митарството има фарисејштина”…
Извадок од  “Битолски Триод” на Владимир Костов