​Едукативни и креативни работилници за деца со попречености “Ние во музеј”. 

Н.У. Завод и музеј Битола реализираше уште една во низата работилници со децата од ЗРД ОСГГДПР ” Кочо Рацин”, со кои имаат одлична соработка во доближувањето на културното наследство низ креативни работилници.

Работилниците се организирани во соработка со стручни лица од ЗРД ОСГГДПР Кочо Рацин и Н.У. Завод и музеј. Во текот на оваа работилница беше промовиран и видео материјал, снимен на знаковен јазик кое наскоро ќе биде поставено на веб станата на Н.У. Завод и музеј.

 Н.У. Завод и музеј Битола и ЗРД ОСГГДПР ” Кочо Рацин”  минатата година потпишаа меморандум за соработка.

Проектот е поддржан од Министерство за Култура на РМ.

Завод и Музеј Битола