mde

Дали полека ја губиме пред Новогодишната еуфорија или годините не потиснуваат и веќе сѐ ни е видено. Прво и најосновно нема снег, а без снег нема ни шмек. Најубаво е да си шеткаш, и снегче да си паѓа… Делува релаксирачки, делува како Нова Година. Можи рано е. Па ќе имаме среќа да ни заврни. Ајде ќе почекаме… 

Изгледот на стаклена зграда во Битола околу 2000 г.

 Кога се ближи Нова Година место да викат Еј шо да се купи како поклон под елката за децата, девојката, најмилите повеќето од немање пари или од скржавост викаме „Леле уште еден празник, пак ќе трошиме пари?!”

И со тоа сами си го уништуваме празничното расположење.

 Втората причина влијае и на првата, па така нема повеќе поклони под елка, ниту пак честитки… а сепак, дел од Нова Година е тоа, поклончиња, радост, кој што ти купил ова она… 

Честитки, од тие најобичните, не мора музички. И обавезно од странство и стално отворени, да провери за сигурно поштарот да не има некое долари или евро. 

 Градо ! Градо зачаден. Ми фали старата елка, ми фали старата стаклена, старите снешковци на бандерите. Старомоден сум. Не беше многу поубаво  украсено но сите некако повеќе се трудеа да ги украсат дрвјата, излозите, кафичите, балконите… Сега некако е сѐ помалку и помалку… Каде се воопшто украсите?

Порано како да беше поубаво дефинитивно, ние сепак сеуште си се радуваме и си правиме планови… Каде за Новата… Доминал или дома во дневната со кокошка печена не ни бега.  Некако се изгуби сјајот во мене, во луѓето околу мене, во сите луѓе воопшто… Или мене таква депресија на старост ме фаќа? А и не сум толку стар.😉

Текст Кајгана форумџии rmx